Дијамантите се вечни, тоа е точно, меѓутоа не секој може да си дозволи да поседува еден толку скапоцен камен во својата колекција на накит, па уште и ако е потпишан од водечките компании кои изработуваат накит од ваков тип, Тифани. Затоа оваа компанија нуди сребрена линија на алки и прстени кои се наменети и за мажи и за жени, но она што е најважно имаат цени кои варираат од 300 до 640 евра за парче.

 

 

Мазните плочки на накитот се толку софистицирано и внимателно изработени што буквално сјаат како вистински дијаманти, а се украсени со класичната изработка на синџир, која е заштитна плетка на овој бренд. Оваа едиција на накит е идеална за подарок на вашите најсакани и убаво изненадување кое може да се најде под елката за најлудата ноќ во годината. Можете да ги најдете само во специјализираните продавници на Тифани во САД и Италија.

 

 

 

Објавено:
20 ноември 2013
Категорија: 
Модни додатоци