Модната фела има нова, голема љубов во светот на модните додатоци: чанти во кружна форма.

Иако можеби изгледа невообичаено токму поради кружната форма, овој тип на чанта ги освојува симпатиите на прв поглед и токму затоа се предвидува дека ќе биде новиот голем хит во уличната мода.

Минималистичка, едноставна естетика која нуди неограничени можности за креативна игра околу дизајнот, што често вклучува интересен начин на закопчување, дезенирани материјали, апликации со различни пораки, комбинации на различни принтови или пак монохроматски варијанти.

А како ја комбинираат IT девојките и неколку од најатрактивните модели, погледнете во следната галерија.

 

 

Објавено:
24 јануари 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.358 пати