Парфемот Light Blue, лансиран уште во 2001 година, на куќата Долче и Габна им донесе цела армија обожаватели на нивните парфеми, и тоа особено во топлите денови. Неговите цитрусни мирисни ноти го освежуваат телото, па не е чудо што токму тој е еден од напродаваните во летниот период.

Шест години по излегувањето на женска верзија, се појави и машката, за чие заштитно лице е избран еден од најголемите заводници меѓу моделите, Дејвид Ганди. Неговите партнерки на рекламите се менуваа, но тој цврсто ја држи позицијата на ѕвезда на овој повеќе пати наградуван парфем.

Во најновата темнокосиот Ганди се најде во преграката на убавата Бјанка Балти. По пример на досегашните реклами, и оваа е снимена на море, на обала на островот Капри. Контрастот на белите костими за капење кои ги носат моделите и синилото кое ги опкружува се чинат како перфектна сценографија за еден ваков парфем, па токму и со години наназад е слична.

И тимот зад камерата не се менува. За фотографијата и овој пат е задолжен Марио Тестино. Со фотографиите е направено и видео, кое многу веројатно ќе се вброи во една од најсексипилните реклами за парфеми за оваа сезона. Погледнете ја рекламата и тоа како таа се снимаше.

">

Објавено:
8 јуни 2013
Категорија: 
Модни додатоци