Новата колекција на Parfois ја водат 60. години со доза драматичност

4 септември 2014

Во сезоната која доаѓа, португалскиот бренд Parfois го завцрстува своето позиционирање во модниот свет и ја отвора колекцијата со каталог и рекламна кампања во која главната улога ја има Кејт Андервуд, а е фотографирана од Квентин де Бри, имиња кои се во подем во модниот свет.

Линиите, драматичност и 60-ти се водечки во колекцијата и нудат широк спектар на модни додатоци. Ретро трендот е интерпретиран преку модни парчиња со футуристички и рафинирани елементи, комбинации на материјали, чисти линии и микс на бои, кои креираат динамичен и елегантен изглед. Колор блокирањето и геометриските форми се неизбежни за доловување на ерата која е една од најчестите модни инспирации, а е епитом на женственост и привлечност.

Другото лице на колекцијата за есен/зима 2014 е исцртано преку линиите кои содржат елементи на авантгарда и драматичност. Портокаловата, црната и црвената боја се основа врз која дизајнерите создале романтични парчиња за урбаното секојдневие. Деталите со металик ефект пак, даваат доза на фантазија и мистерија, а одлично се надополнуваат и со впечатливи цветови и украсни камења.

Во новата сезона кожата е застапена кај сè повеќе модели на елегантни чанти за  уште поголемо чувство на софистицираност.

Можеме слободно да кажеме дека новата колекција на секогаш инвентивниот бренд е направена да го комплетира буквално секој изглед и да биде медиум за изразување на креативноста во стилизирањето кај жените.

 

 

Објавено:
4 септември 2014
Категорија: 
Модни додатоци