Новата кожна чанта на Викторија Бекам е новиот омилен есенски моден додаток

14 септември 2022

Впечатливите модни додатоци, раскошна палета на длабоки земјени тонови и кожни елементи, како и можноста за креативно стилско изразување и слоевито градење н а гардеробата претставуваат синоними за есенската мода која со возбуда ја очекуваме.

А не постои подобар пријател на кожните есенски чизми и есенски капути од едноставни, но елегантни чанти кои на префинет начин го збогатуваат и комплетираат изгледот, без разлика на тоа дали станува збор за дневни пригоди или пак формални и свечени моменти.

За претстојната сезона, Викторија Бекам ја претстави својата најнова креација од светот на модните додатоци - кожна чанта, достапна во осум модели и неколку различни бои, која совршено ќе се вклопи во сечија гардероба и ќе го збогати сечиј стил.

Погледнете како изгледа новата кожна чанта на поранешната Викторија Бекам.

Фото: VICTORIA BECKHAM

Објавено:
14 септември 2022
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.796 пати