Error message

Нови аксесоари од Долче и Габана инспирирани од убавината на Медитеранот

16 август 2014

Италијанското модно дуо Доменико Долче и Стефано Габана, очигледно од одамна најдоа успешен рецепт за својот моден бренд, а тоа секако е инспирацијата од убавините на својата татковина, Италија.  За што подобро да ја прикажат убавината на оваа земја , тие повторно се свртеа кон традиционалните обележја, а овој пат тоа се мотивите од керамички плочки што се користат во Сицилија, а често ги красат и други градови и домови во медитеранските земји.

Долче и Габана во прилог на шарените мотиви, вметнаа и цитрусно овошје од најновата есен-зима колекција аксесоари која изобилува со живост за развеселување на постудените денови. Колекцијата е сочинета од балетанки, чанти, паричници, сандали на платформа како и елегантни чевли со впечатлив брош на самиот врв.

 

 

Објавено:
16 август 2014
Категорија: 
Модни додатоци