Нови модели на Рибок патики за претстојната сезона

8 февруари 2014

Пролетната сезона е пред нас, а вие сигурно планирате да си набавите нов чифт спортски патики. Од спортскиот бренд Рибок за пролет 2014 нудат интересни модели на патики кои помалку наликуваат на спортски модел чевли. Прилегаат и за мажи и жени, а соодветни се како за спортување, така и за прошетка низ град.

 

Четирите нови модели се во црна, кафена и боја на цигла, како и уште еден ретро модел во бела боја само во луксузна верзија. Серијата е насловена „Horween Brogue“ чиј изглед е препознатлив за осумдесетите но во помодерна форма.

Објавено:
8 февруари 2014
Категорија: 
Модни додатоци