Откако на 2 – ри август го презема местото на креативен директор во Калвин Клајн, од Раф Симонс доаѓа уште една нова фантастична соработка со Адидас.

Новата колекција што тој ја креираше за Адидас е продолжение на соработката со брендот на ултра популарниот модел Stan Smith кој наиде на воодушевување кај сите обожаватели на патики.

Новите модели се повторно во тој стил, но овој пат во необични црни и темно црвени, па дури и сребрени тонови.

Како и кај првиот модел, така и кај овој видлива е буквата Р, а покрај овие модели, во колекцијата тој смести и Spirit Matrix модели во повисока и пониска варијанта.

Колекцијата во продавниците се очекува да пристигне кон крајот на овој месец, а со оглед на тоа што Раф Симонс е дизајнер за кој најмногу се зборува во моментов, повеќе од очекувано е колекцијата да се распродаде за многу краток рок.

Објавено:
9 август 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
948 пати