Големиот дизајнер на чевли и модни додатоци Кристијан Лубутан, на девојките ширум светот им ги претстави неговите нови пролетни модели. По кој знае кој пат, дизајнерот создаде вистинска уметност, овој пат во неодолива колоритна палета.

Шарените и еклектични модели за пролет 2015 со неверојатна брзина го освоија Интернетот и социјалните мрежи, а сосема очекувано, светските трендсетерки веќе ги порачаа првите модели.

Секој еден чифт од колекцијата, раскажува своја, уникатна приказна во која би сакала да се најде секоја девојка со изразен став и стил.

Токму со оваа колекција, Лубутан ја најавува пролетната сезона во која тој им овозможува на девојките да се оттргнат од монотонијата и со висока доза на колорит, да им се спротивстават на сите проблеми.

Ова е можеби досега најколоритната и најоригинална колекција на дизајнерот, со оглед на тоа дека досега од него бевме навикнати да гледаме високи, стилски потпетици.

Пролетната колекција на посебен начин плени со неверојатен шарм и фантастична имагинација за создавање на уникатни стајлинзи, а ние сме сигурни дека истите многу наскоро ќе ги видиме во комбинациите на многу трендсетерки.

Објавено:
14 ноември 2014
Категорија: 
Модни додатоци