Нови стилски потпетици и чанти од Лубутан

24 декември 2015

Ретко која жена останува рамнодушна на чевлите и торбите на Кристијан Лубутан, а неговата нова колекција повторно предизвикува воздишки меѓу девојките.

Во неговата пролет/лето 2016 колекција преовладуваат јаките бои пресликани преку тренди чантите и уште постилските потпетици.

Питон дезенот дизајнерот овој пат го претвори во прекрасен колорит, а на монистата им даде една поинаква, прекрасна димензија.

Познатиот модел „Pigalle“ сега доби етно мотиви, додека раскошните тропски цветови дизајнерот ги аплицираше на неверојатно стилските потпетици.

Во продолжение погледнете ги сите нови модели на омилениот дизајнер.

Објавено:
24 декември 2015
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.442 пати