Новиот „пронајдок“ на Кристијан Лобутан

16 октомври 2013

Кристијан Лобутан ја претстави својата нова колекција во пет нијанси почнувајќи од најсветлата беж бојата, па се до костенливо кафена, тонови кои треба да се прилагодат на тенот на купувачите. Токму поради фактот што имаат вакви тонови, имаат и своја предност, а тоа е издолжувањето на женската силуета.

„Тие исчезнуваат како магија, тие се волшебни и се спојуваат со стапалото и на тој начин ја издолжуваат вашата фигура“, вели Кристијан Лобутан за својот нов „пронајдок“.

За полесно да ја пронајдете нијансата која најдобро ќе ви одговара, модната куќа Лобутан за своите клиенти припреми специјална апликација „Louboutin Shades App“, со помош на која  можете да правите споредување на низа слики од вашите нозе и на тој начин да откриете која е адекватната нијанса која ви одговара. Само да напоменеме дека овој модел на чевли можете да ги купите исклучиво во продавниците на Лобутан.

Во продолжение погледнете ги петте нијанси на модели:

 

 

 

 

 

 

Објавено:
16 октомври 2013
Категорија: 
Модни додатоци