Новите „старки“ инспирирани од уметноста на Ворхол

24 август 2015

Две икони на американската поп култура, брендот Конверс и секогаш инспиративниот поп арт крал, Енди Ворхол, повторни се споени. Овој пат соработката помеѓу Фондацијата „Енди Ворхол“ и познатиот бренд се однесува на новата линија „старки" за сезоната есен-зима 2015.

Уметноста на Ворхол по втор пат е главната тема во разработката на дизајнот на новите омилени патики. Сега главниот мотив што ќе се користи како принт се бананите што Ворхол често знаел да ги искористи како инспирација во неговите познати дела.

Покрај тоа, како инспирација послужи и авопортретот на големиот уметник. Новата колекција од 20. август е веќе достапна во продажба.

Објавено:
24 август 2015
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.230 пати