Очекувано: Внуката на Лејди Ди е новото заштитно лице на „Долче и Габана“

22 февруари 2021

 Младата Кити Спенсер, внука на принцезата Лејди Ди е новото заштитно лице на брендот „Долче и Габана“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kitty Spencer (@kitty.spencer)

Но, оваа вест не доаѓа како претерано изненадување. Ако се има предвид дека таа е нивни долгогодишен лојален клиент, а и токму благодарение на нив, пошироката јавност дознава за неа, како и тоа дека во 2018 година токму таа ја отвори ревијата на Висока мода на езерото Комо, прашање на време беше кога ќе повлечат и ваков чекор.

Сепак, не можеме да речеме дека нема да биде интересно да се види како ја замислуваат Спенсер во оваа улога и во какви модни приказни ќе ја гледаме.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kitty Spencer (@kitty.spencer)

„Голема чест ми е што станав амбасадорка на компанијата Долче и Габана. Доменико и Стефано ги слават најважните работи во овој живот: семејството, радоста, убавината, бојата, љубовта. Работејќи со нив, секогаш добивате ново искуство, шанса подобро да ја запознаете италијанската култура, уметност, занаетото, начинот на живот... Носејќи ја облеката која ја креираат, ја чувствувам нивната страст како дизајнери, а истовремено се чувствувам како најдобра верзија на себеси“, изјави Кити во официјалното соопштение.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kitty Spencer (@kitty.spencer)

 

Објавено:
22 февруари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
636 пати