Во својата летна колекција на очила за сонце за претстојната сезона, култниот бренд Барбери се „самоинспирираше“ од својот добро познат класичен мантил и специфичниот принт на модната куќа.
Формите на очилата за сонце се во основа во мачкаст облик, но има и такви кои се со коцкасти форми. Медовите нијанси доминираат во изборот, а изработката е надополнета со метално полирани рачки, украсени со популарниот Барбери принт и заштитното лого.
Промотивната кампања за претстојната сезона имаше чест да ја изработи неприкосновениот мајстор на фотографскиот занает Марио Тестино, а задоволството први да ги „пробаат“ новите модели ја имаа истите модели кои учестуваа во пролетната кампања за женската и машката колекција на Барбери: Џејми Кемпбел Бауер, Лео Добсон, Малаика Фирт, Матилда Лоутер, Нилам Џил, Калум Бал и Џин Кемпбел.
Во продолжение погледнете како се создаваат очилата директно во работилниците на компанијата, инспирирани од безвременскиот мантил кој што прерасна во стилски статус симбол на етикетата.