Очилата за пролет на Макс Мара се приказна на стил и дизајнерски тајни

6 мај 2014

За актуелната сезона пролет-лето 2014, модниот бренд Макс Мара презентираше колекција очила за сонце кои што се целосно  инспирирани од најдобрите модели и дизајни на капути и палта што истоимената куќа ги има создадено во текот на своето постоење и егзистирање на модната сцена. „Нуркајќи“ длабоко во богатите ризници на дезени, материјали, текстури и скици, Макс Мара евоцираше спомени кои  раскажаа приказна што плени со стил и ги открива скриените шивачки тајни на модното мајсторство.

Софистицираните модели на очила за сонце со оптички рамки прилагодени на допир и елегантни силуети надополнети со изненадувачки моќни детали, буквално ќе ве освојат. Појдовната точка е наследството кое Макс Мара го крие и таложи длабоко во срцевината на своите модни работилници. Оваа капсулна колекција совршено ја отсликува модната филозофија на овој бренд, изразена преку спојување на најпознатите иконски нијанси: медова, кафеава, темно црвена, сина и сива боја. Префинетата женственост, беспрекорната изработка  и традицијата на куќата се идеалниот спој што резултира со оригинални и уникатни креации.

Креативните умови на дизајнерите водени од актуелните тенденции помешани со културното модно наследство на компанијата се одлучија за два дизајни, едниот во форма на пеперутка, другиот со кружен облик. Првите очила со силуета на пеперутка претставуваат комбинација на современи и чисти материјали трансформирани во брилијантна визија на беспрекорна структура во поглед на изработката на деталите.

Вториот модел на очила имаат кружна и нежно заоблена композиција која што се базира на класичните кроеви збогатени со плејада на светло и темно кафеави нијанси кои контрираат со црвениот тон кој пак има за цел да го нагласи дамскиот шарм, убавина и страст од едно изминато време.

Објавено:
6 мај 2014
Категорија: 
Модни додатоци