Од срце за срце: Модни додатоци што ќе ве освојат на прв поглед

5 февруари 2021

Со почетокот на февруари почнува и доминацијата на парчиња со принт со срце. Во месецот кој најчесто е нарекуван како месец на љубовта и виното, се' е во знакот на црвената боја.

Ако сте од оние што го празнуваат Денот на вљубените, можеби веќе сте во потрага по идеалниот подарок за саканата личност.

Но, дури и да не сте и едноставно сакате да се почестите со парче кое има впечатлив дезен и дизајн, но сепак со доза на безвременост, кое лесно ќе можете да го вклопите во секојдневниот стил, ние имаме совршен предлог.

Токму такви модни додатоци можат да се најдат кај домашниот моден бренд Елена Лука.

Секогаш во склад со светските тенденции, кај нив во моментов е актуелна кампањата Elena Luka ♥ You,  а во рамки на истата можете да најдете совршени „љубовни„ модни парчиња и додатоци.

Нашиот предлог се овие кратки марами кои на различни начини можете да ги вклопите во секојдневниот стил. Совршени на изглед и допир, изработени од префинета свила, веднаш ќе го привлечат вниманието - ваше и на оние околу вас. 

Доаѓаат во неколку бои, со што лесно ќе можете да ги имплементирате во деловниот стил,  со полежерни комбинации, како и за посвечени. 

Можете да ги најдете на онлајн продавницата на брендот или пак во showroom изложбените простори во ГТЦ и населба Аеродром.

 

Кој е вашиот фаворит?

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@elenaluka_official)

 

 

Објавено:
5 февруари 2021
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
797 пати