Дизајнерот Кристијан Лубутан неодамна ја презентираше кампањата за колекцијата насловена „Woman on Top“. Ако очекувавте високи потпетици, тогаш дизајнерот успеал да ве изненади.

Колекцијата за есен 2016 се состои од обувки со ниска потпетица и машка естетика.

-Нетрадиционалниот поглед на Лубутан на женските манифести, преку секоја негова колекција е претставен на безброј начини. Оваа есен и зима, акцентот е ставен на машките стилови. Инспирацијата ја црпевме од транформирачката природа на женската психа и од силното чувство на моќ на андрогените икони како Марлен Дитрих.  Затоа, оваа сезона понудивме обувки инспирирани од машките модели, што вклучуваат врвни кројачки вештини, со микс на традиционалите машки ткаенини – волна, кашмир и фланел. Дел од ткаенините се искористени токму во дел од моделите, а истите се имплементирани во Louboutin Homme колекцијата – велат од брендот.

Според нив, ова е вистинскиот избор на обувки за есенва. Се согласувате ли?

Објавено:
26 октомври 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
718 пати