Омилената Ирис Апфел создаде колекција паметен накит

18 јануари 2016

Модната икона на сите времиња Ирис Апфел конечно има нова колекција на накит, овој пат во соработка со брендот WiseWear.

Накитот е неверојатно модерен и тренди, иако можеби малку поразличен од она на што сме навикнати да очекуваме од неа.

Паметните алки што се дел од колекцијата се избработени од водоотпорна гума која не е многу обожувана низ светот.

Тој проблем го реши 94 – годишната Ирис која му даде поинаква верзија на материјалот и создаде нешто навистина гламурозно и екстравагантно.

Алките на едноставен начин се поврзуваат со паметните телефони и всушност се еден вид нивно продолжение, а се состојат од 18 – каратно злато и имаат три различни имиња – Calder, Kingston и Duchess.

Прекрасната дама најави проширување на линијата накит многу наскоро, а во истата ќе смести и ремени за мажи, ѓердани и брошеви за жени.

Алките чинат околу 300 долари и можете да ги најдете онлајн на страната на брендот WiseWear.

Деновиве на Нетфликс е поставен и документарецот за уникатната Апфел кој е задолжителен за сите девојки.

Во истиот, ќе ги дознаете нејзините стилски тајни, ќе бидете дел од многу едиторијали што таа ги направила, ќе дознаете за нејзините шопинг навики, ќе ја погледнете целата колекција накит што ја поседува, но и ќе уживате во прекрасните зборови за младите дизајнери, советите што им ги дава, а ќе бидете сведок и на неверојатната љубов кон нејзиниот сопруг.

Објавено:
18 јануари 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
983 пати