Откријте ги египетските богатства во колекцијата накит на Паула Мендоса

22 септември 2014

Колумбиската дизајнерка Паула Мендоса е скулптор по професија која негува голема љубов кон уметноста која ги комбинира историјата на митологијата и древните култури, а целата приказна успешно ја аплицира во нејзините парчиња накит. Нејзината нова колекција накит потсетува на египетската кралица Клеопатра.

Според легендата, последната кралица на Египет, Клеопатра починала од каснување од змија, која и беше подметната во кошница полна со зрели смокви. На тој начин една од најубавите жени во античко време дозволи притаениот залак да и го одземе последниот здив не само на достоинство, туку и на живот. Иако ова е само легенда, според најновата верзија, отровот Клеопатра го чувала во својата коса прицврстен со шнола, затоа на сите нејзини слики и фрески, змијата е скоро секогаш присутна веднаш до неа симболизирајќи ја нивната нераскинливата врска.

Египетската кобра во династиите на фараоните се смета како симбол на моќ но со текот на времето, со развојот на поп културата во преден план се издвоиле малите видови змии. Неретко режисерите и уметниците во креирањето на ликот на кралицата Клеопатра ги користеле апликациите на змиите во создавањето на облеката и деталите и нивниот изглед бил појдовна точка во дизајнирањето на самиот лик.

Моделите накит, а особено нивниот дизајн од новата колекција на Паула Мендоса, многу потсетува на малите рептили. „Змиите“, кај дизајнерката се креирани од различни големини на златни топчиња и имаат неверојатно импресивен изглед како извртени алки, прстени и ѓердани. И покрај фактот што парчињата накит се навистина масивни сепак комбинирани изгледаат навистина лесно и впечатливо.

Паула, творецот на брендот кој го носи нејзиното име Паула Мендоса, потекнува од Колумбија, а поради своите работни ангажмани пред три години и официјално ја премести својата адреса на живеење во Њујорк. И токму „Големото јаболко“, буквално и ги отвори портите кон успехот. Мошне често нејзините дизајни можеме да ги сретнеме на страниците на Vogue, а е прогласена и за највлијателна дизајнерка во Латинска Америка. Египетските богатства на Мендоса можат да се купат и во Русија во нејзината концептуална продавница.

 

Објавено:
22 септември 2014
Категорија: 
Модни додатоци