OUXI – блескав накит совршен за секоја матурантка

15 мај 2019

Во тек е еден од најубавите периоди од годината – матурските прослави кога девојчињата ги одбираат најубавите фустани за да блеснат на вечерта што толку долго ја чекаа.

Покрај матурските фустани, од исклучителна важност е и накитот што секоја девојка мора внимателно да го одбере и што мора да соодветствува на годините и на одбраната креација.

Денеска ви го претставуваме брендот за накит OUXI, место каде секоја девојка ќе го најде она што ѝ е потребно за да заблеска на матурската прослава.

Во нивните продавници во Скопје и Гевгелија ќе најдете исклучително уникатни парчиња накит, доволно впечатливи и соодветни за секоја пригода.

Секое парче на OUXI е изработено со многу љубов и магични Сваровски кристали, а она што дефинитивно не смееме да го заборавиме е тоа што нивниот накит има исклучително поволни цени.

Покрај единечните парчиња накит, во OUXI ќе најдете и прекрасни сетови од ланчиња и обетки кои се совршен подарок за разни прилики.

Во нивните продавници свое омилено парче ќе најде секоја матурантка, полуматурантка или апсолвентка, но и секоја невеста или гостинка на прослава.

Она со што плени накитот на OUXI е нежноста и шармот што го поседува секое нивно парче, а не смееме да заборавиме ниту на прекрасните бои како смарагдно зелена, неодоливо розова, небесно сина и секако, нежната сребрена која сè уште е една од најбараните.

Во пресрет на матурските прослави, токму во OUXI ќе најдете неверојатни попусти и можност да одберете автентичен подарок за вашата партнерка.

Целиот накит во тренди пакувања можете да го најдете во нивните продавници во Центар, до Соборен храм, во трговскиот центар Лептокарија и во Гевгелија, спроти ресторан Боко.

*Комерцијален текст

Објавено:
15 мај 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
402 пати