Ова е новата најскапа Луј Витон чанта
•
23 декември 2015
Чантите на брендот „Луј Витон“ отсекогаш биле на цена, но оваа „City Steamer“ изгледа е посебна.
За разлика од скапите Биркин чанти на пример, новиот модел на „Луј Витон“ е достапен само во една боја.
Луксузната чанта во nude нијанса, направена е од кожа на крокодил и декорирана со златни Луј Витон детали, мал катанец и ленти со монограмот.
Цената изнесува 55 000 долари, додека центата на стандардната верзија на слични модели е 3.850 долари.
Lady Bag
Чантата што претходно ја имаше најскапата цена во износ од 54.500 долари е Lady Bag, во кафено-црна нијанса, исто така изработена од крокодилска кожа, а лансирана во август во 2014 година.