Една од најтрендовските бои ова лето е сребрената. Но, не толку кога е облеката во прашање, колку кога се работи за обувките. Независно дали се работи за рамни обувки или на потпетици, со еден таков чифт ќе бидете сосема во тренд.

Еспадрили, балетанки, мокасини, оксфордки, сандали и салонки, сите добија сребрен сјај оваа сезона. Во спој со вашата омилена бела комбинација, широки фармерки, изглед на плажа, овие обувки ќе бидат вашиот омилен моден додаток.

Останува само да си го одберете моделот што соодветствува на вашиот стил.

Во продолжение погледнете ја галеријата, одберете го вашиот фаворит и направете си ја омилената комбинација:

Објавено:
30 јуни 2015
Категорија: 
Модни додатоци