Од чевли, јакнички, маички и чанти, ресите ова лето ги украсија буквално сите парчиња од нашата облека, но и модните додатоци од колекциите на светските модни куќи.

Последна во низата модни додатоци со реси е чантата од модната куќа Проенца Скулер која што се продава во неколку различни бои како црна, црвена, сина и темно кафена. Цената на овој модел варира во зависност од големината и материјалот од кој е изработена чантата и се движи од 1.000 до 1.800 евра.

Покрај оваа модна куќа, неверојатни модели на чанти со реси во својата пролетна колекција за 2014 претстави и одличниот Валентино кој понуди неверојатно модерни чанти со реси во поголеми и помали верзии во прекрасни бои.

Одлични чанти со реси за префинети дами за оваа пролет претстави и модната куќа Гучи од каде се одлучија за висококвалитетна кожа во неколку одлични бои.

Нешто сосема поинакво, но подеднакво добро за оваа пролет кога станува збор за чанти со реси, ни понуди и модната куќа Селин во чија колекција за 2014 можеме да најдеме тотално забавни и урбани чанти со уште позабавни долги реси во неколку бои.

Во продолжение, погледнете ги најубавите чанти со реси за оваа сезона и неколку комбинации во кои истите совршено се вклопуваат и одберете си го парчето според кое ќе ве препознаваат ова долго, топло лето!

Објавено:
24 јуни 2014
Категорија: 
Модни додатоци