Летото секогаш е резервирано за богат колорит, шаренило од стилови и модни експерименти. Дури и доколку сте резервирани во однос на боите во вашиот стил, потрудете се летово да отстапите од вашата комфорна зона и да обезбедите простор за доза шаренило.

Во модна смисла, „најбезболно" ќе имплементирате боја во вашиот имиџ преку модните додатоци.
Наш предлог за ова лето се колоритните чевли. Би можеле ли да им одолеете?

Од пастелни тонови до комбинација на дезени и принтови, летово акцентот е на колоритнте чевли: отворени сандали, мокасинки, на високи потпетици или на полна платформа, класични салонки – сите модели на чевли летово добиваат свое шарено издание.

Подеднакво се впечатливи и во монохроматски и во еклектични комбинации.

Имате ли свој фаворит?

 

Објавено:
13 мај 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
581 пати