Како и секое лето, така и ова, понудата на костими за капење е огромна, почнувајќи од едноставни и еднобојни, па сè до такви со интересни принтови и детали.

Сезонава повторно се актуелни едноделните костими за капење, како и оние во два дела, но со висок струк, па без разлика што ќе одберете, принтот со пруги е број еден.

Костимите за капење со ваков принт му ласкаат на секој облик на тело и на секоја дама изгледаат неверојатно женствено.

Принтот со пруги неодоливо потсетува на безгрижни летни денови, а истиот е неверојатен класик што никогаш нема да излезе од мода.

Со оглед на неговата популарност годинава, костимите за капење со овој принт можете да ги најдете во речиси секоја продавница каде има и безброј модели.

Одлични се и за комбинирање со некоја шапка во неутрална боја и очила за сонце по ваш избор, а можете да ги комбинирате и со куси тексас панталони за вечерни прошетки.

Доколку сè уште не сте го одбрале вашиот омилен костим за капење за ова лето, тогаш одлична инспирација ќе најдете погоре во галеријата.

 Инфо и фото: Bonjour.ba

Објавено:
28 јуни 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
3.935 пати