Ова се најслатките рамни колоритни сандали за оваа пролет!

2 јуни 2014

Во топлите денови од пролетта (за кои се надеваме дека наскоро ќе дојдат во нашиот град), она во што сите уживаме се дефинитивно рамните отворени сандали.

Оваа година на полиците на дуќаните можеме да најдеме навистина различни модели, но преовладуваат оние со комбинација на дебело ременче преку стопалото и потенко околу глуждот.

Оние без кои оваа сезона не се може, се добро познатите Birkenstock сандали што се враќаат на голема врата, но и оние колоритни пластични модели какви што обожававме да носиме како деца.

Што се однесува до боите, оваа сезона сѐ е дозволено. Без разлика дали ќе одберете металик нијанси на сандали, црвени, бели или пак целосно шарени, нема да погрешите.

Причина плус за да ги обожавате овие сандалки, е тоа што можете да ги комбинирате буквално со сѐ. Одберете некои понежни и комбинирајте ги со лелеаво фустанче или куси панталончиња и бохо кошулка, или пак некои поспортски што можете да ги носите со лесни и тенки колоритни панталони и краток топ.

Во продолжение, издвоивме вкупно 20 модели на рамни сандали во кои може да уживате во оваа пролет (кога ќе дојде)!

Објавено:
2 јуни 2014
Категорија: 
Модни додатоци