christian-louboutin-new-nudes-heel-collection_840_472

Дизајнерот на најпосакуваните женски чевли со препознатливиот црвен ѓон, создаде нова колекција во nude нијанси.

Иако кај нас тој тон го опишуваме како беж, всушност има многу широк распон на нијанси.

Дизајнерот веќе го разработи овој „проблем“, уште во 2013 година, која ја лансираше првата капсулна колекција во цела палета на nude  нијанси. Иако цената на моделите изнесуваше 625 долари, се распродадоа во рекордно време.

Токму затоа, Лубутан оваа сезона откри уште неколку нијанси кои недостасуваа во првата колекција. Новата за пролет 2015 носи име New Nudes, а цената на еден чифт чевли е 675 долари. И да, црвениот ѓон е повторно присутен.

Погледнете:

675_840_472675-1_840_472675-2_840_472675-3_840_472675-4_840_472

Објавено:
24 април 2015
Категорија: 
Модни додатоци