Ова се првите чевли во светот направени од платина, а чинат цели 70.000 долари!

8 октомври 2013

Ако мислевте дека чевлите на Кристијан Лубутин се скапи, размислете уште еднаш! Запознајте се со првите чевли во светот што целосно се направени од платина и чинат неверојатни 70.000 долари.

Чевлите се креирани од златарската куќа House of Borgezie, од каде во 2010 година излегоа и првите чевли направени целосно од злато и дијаманти, кои пак чинат цели 100.000 долари.

Дизајнерот на чевлите Кристофер Шелис сосема задоволен од неговото дело, вели дека досега ништо слично на ова не било создадено.

„Со оглед на тоа што се потребни многу високи температури кога работиш со платина, морам да кажам дека ова беше еден од моите најголеми предизвици“, вели Шелис, додавајќи дека му требале вкупно четири години за разработка на оваа идеја и создавањето на чевлите.

Инаку, на платината и се потребни 1.200 степени за да се стопи и за да може да се работи со неа. За да се создаде само еден чифт чевли, на Кристофер му биле потребни повеќе од 100 часа работа. Екстравагантните и луксузни чевли имаат гаранција од неверојатни 1000 години.

На листата на клиенти што би ги носеле овие чевли, Кристофер вели дека би сакал да ги види Никол Шерцингер како и принцезата Кетрин Мидлтон.

Објавено:
8 октомври 2013
Категорија: 
Модни додатоци