Веќе пишувавме дека плетените чанти се едни од омилените на девојките оваа топла сезона, а конечно излезе и моделот во кој знаеме дека и вие ќе се вљубите.

Девојките ова лето сакаат модни додатоци од природни материјали, па така кожата во комбинација со плетенините е полн погодок.

Оваа чанта доаѓа од модниот бренд Staud кој во својата колекција за 2017 – та година претстави навистина интересни модели, но се чини дека оваа доби најголема популарност кај блогерките.

Брендот постои неколку години, а минатата година понуди подеднаква тренди чанта за која исто така имаше огромна побарувачка.

Моделот кој оваа година е ултра популарен дизајнерите на брендот го нарекоа Moreau, а многумина за истата ќе кажат дека е совршениот летен модел на чанта за бројни пригоди.

Доколку ги следите профилите на популарните блогерки на Инстаграм, ќе ја забележите оваа чанта во многу комбинации благодарение на кафената боја која може да ја сместите во било кој стајлинг.

Чантата е изработена од чиста кожа, а потоа обложена со уште една плетена, мрежеста чанта и завршува со шик кожени рачки во иста боја.

Можете да ја носите во безброј секојдневни и вечерни комбинации, а истата е совршен избор и за на плажа.

Погледнете како познатите блогерки ја комбинираат во нивните стајлинзи.

Фото: Инстаграм

Објавено:
12 јуни 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
739 пати
Извор: 
journal