Овој модел на ремен од Ботега Венета е хит на Инстаграм

13 август 2019

Ако сте фан на италијанскот луксузен бренд Ботега Венета, веројатно сте забележале дека сезонава на Инстаграм особено популарен меѓу трендсетерките е кожениот ремен од новата колекција, со златна заоблена тока во неправилна форма.

Истиот е достапен во црна, кафена и бела варијанта, а во зависност од моделот, цената на овој ексклузивен моден додаток на официјалната страна на Ботега Венета, се движи од 750 до 1000 евра.

Ни го привлекува вниманието и во уличната мода, каде модните блогерки го комбинираат со препознатливите кожени бермуди и килоти од истата модна куќа, или пак го вметнуват во елегантни изданија со романтични, макси бели фустани или со здолништа со висок струк.

Издвоивме неколку ултра стилски комбинации во кои акцентот е токму на ременот.

Објавено:
13 август 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
504 пати