Овој моден додаток во светот се продава на секои пет секунди!

11 ноември 2016

Иако многумина ќе кажат дека трендот одамна помина, постојат и такви кои сѐ уште го обожуваат и не можат да се заситат од истиот.

High street брендот New Look неодамна објави дека токму chokerot е модниот додаток кој во светот се продава на секои пет секунди.

Имено, тие посочуваат дека секој ден, на секои девет секунди продаваат по еден choker, додека за време на викендот бројката се намалува и овој моден додаток се продава на секои пет секунди.

Веруваме дека и вие имате еден ваков примерок во вашата колекција кој обожавате да го носите и во дневните, но и во вечерните елегантни комбинации.

Истите можете да ги набавите во најразлични варијанти почнувајќи од такви од тантела, кадифе, во црна, бела, розова, црвена боја па сѐ до една од најпопуларните, бордо боја.

Овој моден додаток многумина сакаат да го украсуваат и со најразлични приврзоци, но и да го врзуваат како панделка за уште повпечатлив изглед.

Chokerot е еден од омилените и на познатите девојки кои го комбинираат со наједноставни комбинации како џемперче и фармерки, па сѐ до секси фустани за луди забави.

Објавено:
11 ноември 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
2.900 пати