Parfois лансира нов хибриден часовник за следење на дневната физичка активност

24 септември 2018

Parfois за прв пат лансира часовник кој совршено ги комбинира стилот и функционалноста. Activity Watch е хибриден часовник со едноставен дизајн, кој овозможува следење на дневната физичка активност, добивање на нотификации, повици и фотографирање поврзано со мобилен телефон.

Часовникот се користи со специјално изработената апликација „Parfois Activity” и на тој начин телефонот се поврзува со часовникот преку Bluetooth. Activity Watch ви овозможува следење на пулсот, колку часови сте спиеле, бројот на чекори и далечината која сте ја изоделе, бројот на согорени калории, а овозможува и поставување на одредени дневни цели.

Activity Watch е достапен во две бои, сребрена и темно сива, а со секој модел доаѓа и дополнително гумено ремче, идеално за носење при физичка активност.

Новиот часовник од Parfois е одличен за оние кои имаат здрав начин на живот, спортуваат и водат сметка за своите дневни активности.

Часовникот може да се најде во продавницата на Parfois во Skopje City Mall.

Објавено:
24 септември 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
336 пати