Во текот на сезоната пастелните бои константно се провлекуваат низ пролетно-летните колекции, а причината зошто модните куќи ги фаворизираат, не е тешко да се објасни. Овие нежни, меки и природни нијанси се идеалните елементи за романтичен летен стајлинг, а исто така одлично ќе се спојат со останатите ваши парчиња во гардероберот доколку не сте обожаватели на неонските бои.

 

Женствената палета бои на лаванда, минт зелена, пудресто розова, небесно сина и лимон жолта, одлично се вклопуваат во секое летно издание кое ќе даде доза на романтика, ведрина и мекост. За да ја добиете вашата нежна страна, не мора да бидете од глава до пети во пастелните тонови, но затоа многу лесно можете на вашиот стајлинг да додадете пастелно обоени модни додатоци,како на пример впечатлива пастелна чанта.

Токму нив оваа сезона многу лесно ќе ги пронајдете и низ брендираните продавници низ Скопје. Ваквите чанти се еден од аксесоарите за да постигнете софистициран и шик изглед, а кој модел ќе го одберете, проверете во нашата галерија.

Објавено:
27 јули 2013
Категорија: 
Модни додатоци