Патики носиме и во зима – имаме супер идеи како да ги комбинирате!

24 јануари 2019

Спортската и лежерна естетика, оддамна не е резервирана само за викендите со спортски активности, туку ја применуваме во нашето секојдневие, во секоја прилика кога може да искомбинираме по некое спортско парче.

Патиките особено ја уживаат својата популарност, до толку што ги носиме и во женствени, романтични, па и деловни аутфити.

Иако зима е сезона кога чизмите се најчестиот избор што го наметнуваат временските прилики, сепак кога времето е суво, на модните улици многу почесто се форсираат патиките, што и оваа сезона важат за омилени на стилските ликови од урбаната улична мода.

Патиките одлично ја надополнуваат опуштената слика на актуелните тенденции, па совршено се вклопуваат со парчињата што исто така важат за популарни: макси капутите, широките блузони, плетенините, џинсот, панталоните и здолништа со висок струк...

Неколку идеи плус, доколку ви недостасува инспирација како да ги комбинирате...

 

Објавено:
24 јануари 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
5.464 пати