За ова лето модниот бренд „Лубутан“ подготви нови посакувани модни додатоци, а не се обувки.

Се работи за најнов модел на чанти – „Пилутан“. Како вели дизајнерот, целта била да се создаде чанта, како перницата на која во бајката за „Пепелашка“ е ставена стаклената чевличка.

Во наредната сезона, „Пилутан“ ќе има три нови верзии – Штрас, Махараџа и Спајкс.

Чантата „Спајкс“ е украсена со 2.437 шилци, рачно изработени од Лубутан. Надворешноса на чантата, која е во црвена боја, е направена од кожа со леопард принт, а внатрешноста е кожна.

„Штрас“ чантата е украсена со стотици кристали со различни големини и нијанси, па оттаму и името, а светка и тоа во различни бои, од розова до сино-црна.

Најегзотичната од трите ќе биде „Махараџа“ клач чантата. Инспирацијата ја добил за време на прошетката во Мумбај. Шарениот микс на ткаенини, ленти и синџири, поставени по целата површина на моделот ѝ даваат статус на посакуван предмет, особено за колекционерите на модените додатоци од овој бренд.

Објавено:
22 јули 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
202 пати