Во топ три најудобни работи за по дома се секако пижамите. Сега, кога сите треба да бидеме совесни и дисциплинирани и да седиме дома, сигурни сме дека повеќето од вас кои нè читате сте токму во пижами.

Никогаш доста од овој комплет кој доаѓа во најразлични дезени и мотиви. Постојат и такви кои што ужииваат да купуваат пижами, па дома имаат цели колекции, од еднобојни, до пижами со омилените суперхерои или цртани ликови.

Од хигиенски причини, пижамите би требале да бидат наменети само за спиење. Но, времињата, а и модата се менуваат, така што пижамите станаа мултифункционални. Во секој случај, добро е да имате неколку комплети, за да можете да ги менувате, а и за да имате едни за преку ден, а други за спиење.

 

А еве како да го направите изборот:

Пижами од памук: Одлични се и за излежување на фотелја или двосед, гледање филм, читање книга пред спиење или во омиленото катче.

Пижами од полиестер: Полиестерот добро ја впива потта, притоа се растега, па долниот дел може да ви послужи при вежбање.

Пижама од жерсеј: Потсетуваат на тренерки, па во нив можете да ги извршите сите дневни задачи, пазарење во продавничката од карши.

 

Пижами од свила: Свилата е удобна и дава неверојатно чувство на леснотија и ви ја гали кожата. Но, се препорачува да ја носите само кога спиете.

Пижами од фланел: Ова е веројатно најпопуларниот материјал кога се работи за изработка на пижами, во разни бои и дезени. Одличен и за по дома и за спиење.

Во продолжение погледнете какви пижами се во моментов во тренд, според понудата на high-street брендовите (H&M, Reserved, Womensecret, Oysho, Pour les Femmes, Sleepy Johnes, Morgan Lane).

 

Какви пижами вие преферирате?

Објавено:
23 март 2020
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.712 пати