Во сезона кога 1970-те години се присутни во секој сегмент од модниот свет, неизбежно е и модните додатоци да го следат духот на една од модно најинспиративните децении.

Па како финиш на еден изглед кој вклучува бохо фустан, сламен шешир, лесни и отворени сандали и многу реси, најсоодветни се плетените чанти ... А оваа сезона ги има во огромен избор!

Плетени мини ранчиња, елегантни плико чанти, во фанки фазон со туфни, со тенки рачки за преку рамо, со етно мотиви и реси... Изборот на плетена чанта зависи од стилот што вие го преферирате и соодветниот спој со вашиот личен имиџ.

Особено во овој летен период актуелни се плетените торби за плажа, што се истовремено и практични и естетски привлечни.

За која се одлучивте вие?

 

Објавено:
1 јули 2015
Категорија: 
Модни додатоци