Плетени чевли - парче во кое девојките се вљубија на прв поглед

21 март 2019

Иако денеска времето е малку облачно и баш не личи на пролет, тоа не значи дека од утре нема да имаме повторно пролет во градот.

Овој текст е за сите пролетни денови што следуваат кои треба да се „зачинат“ со добри чевли што ќе ги вметнеме во сите наши шик комбинации.

Вистински хит кај девојките оваа сезона се плетените чевли од интересни материјали, а популарните high street брендови веќе донесоа безброј стилски модели.

Ако минатата сезона омилени беа плетените торби, сега трендот се префрла на чевлите и топлите земјени бои во кои уживаме секое лето. 

Овој модел на чевли е совршен избор за секоја ваша пролетна комбинација, без разлика дали станува збор за дневна или вечерна.

Носете ги со џинс и бела кошулка, со бело ленено фустанче или пак со некое црно со карнери за свечена пригода.

Ако одберете чевли во некоја јака нијанса, тогаш погрижете се остатокот од комбинацијата да биде во неутрално бои бидејќи чевлите сами по себе се доволно впечатливи.

Без разлика дали ќе одберете чевли на потпетица или рамни балетанки од овој модел, нема да погрешите бидејќи ова се чевлите што ќе бидат на пиедестал цело лето!

Инфо и фото: Fashion.hr

Објавено:
21 март 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
776 пати