Плетените чанти и оваа пролет ќе бидат хит!

19 февруари 2019

Иако овие модели се хит веќе неколку сезони, се чини дека девојките не се изморија од овој тренд, па така и пролетва ќе ги гледаме со плетени торби.

Времето сè уште не е доволно топло за да може да ги комбинираме со лелеавите летни фустани, но во пресрет на пролетта, без проблем вметнете ги во комбинациите со омилените класични женски костими.

Токму овие плетени торбички се дел од колекциите на голем број дизајнери, а веќе можеме да ги видиме и во голем број продавници на high street брендовите.

Ако веќе си набавивте една минатата сезона, тогаш сега е вистинско време да ја пронајдете и да почнете да смислувате комбинации во кои ќе ја вметнете.

Покрај едноставните плетени модели на чанти, сезонава дизајнерите нудат и многу повеќе, односно комбинација на материјали во кои секако преовладува плетивото, но изгледаат многу урбано и шик.

Не постои девојка на која не и се допаѓаат овие модели на чанти, па веруваме дека и вие сте меѓу нив, а за инспирација можете да ја погледнете галеријата.

Инфо и фото: Fashion.hr

Објавено:
19 февруари 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
474 пати