Почеток на училишната година со стил: Нови тренди ранци од Луј Витон

1 септември 2014

Без сомневање, 1 – ви Септември поминува целосно во знакот на првиот училишен ден! Почетокот на месецов, секогаш е поврзан и потсетува на стартот на училишната година, а со самото тоа и на купувањето на ранци, книги, пенкала и што уште не.

За сите оние што школската година сакаат да ја започнат со стил, светскиот моден бренд Луј Витон нуди нова колекција на ранци кои се навистина урбани и шик!

Она што е особено интересно е што голем број девојки ширум светот што одамна ги оставија училишните денови зад себе, се буквално обземени од оваа колекција.

Интересот за ранците без сомневање е огромен кај девојките низ различни краеви од светот, а овој тренд со неверојатна брзина станува сѐ позастапен!

За оваа есен, дизајнерскиот тим на француската модна куќа нуди четири различни, но подеднакво атрактивни ранци. За љубителите на добро познатото лого на брендот, има дури три различни модели, подеднакво добри и тренди!

За љубителите на покласичните работи и елеганцијата, дизајнерскиот тим на брендот нуди еден неверојатен, софистициран и уникатен ранец во црна боја и со едноставен крој, погоден за сите прилики.

Сите модели на ранци од оваа колекција, многу наскоро ќе бидат достапни за сите обожаватели во одбрани продавници на модната куќа.

Објавено:
1 септември 2014
Категорија: 
Модни додатоци