Најавата за соработката на Џенифер Лопез со познатиот дизајнер на чевли Џузепе Заноти, привлече големо внимание.
Она што публиката го знае е дека пејачката ќе создаде неколку типа обувки, според нејзиниот стил и сензибилитет.
Токму таков е и крајниот резултат. Капсулната колекција насловена како „Џузепе за Џеј Ло“ е презентирана и ќе ги израдува нејзините обожаватели.
Се состои од шест чифта чевли, а вклучува гладијаторски сандали на потпетица до колена, кои доаѓаат во црна и сива варијанта, како и една со животински принт.
Освен нив, Џенифер создаде и чизми до глужд, и тоа сребрени и златни, целосно светкави и розови и тегет.
На оние што ги сакаат едноставните сандали, фаворитот ќе бидат сандалите со ремчиња во беж и мат сива нијанса.
За оние што повеќе преферираат патики, пејачката создаде и еден модел што потсетува на легендарните на Исабел Марант со платформа, кои доаѓаат во сива и тегет боја, а се украсени и со кристали.
-Со Џузепе создадовме ултра модерна, женствена колекција на „опасни“ потпетици и сосема трендовски патики. И како што веројатно и очекувате, повеќето се светкави – вели пејачката во соопштението за јавност.
Цената на обувките се движи од 795 до 2.995 долари, а достапни се и на сајтот на дизајнерот giuseppezanotti.com.