Погледнете ја колекцијата марами на Александар Меквин и Демиен Хирст

13 ноември 2013

Конечно е објавена колекцијата марами на модната куќа на Александар Меквин што тој ја работеше во соработка со неверојатниот уметник Демиен Хирст.

Ексклузивната колекција што се состои од 30 парчиња, е по повод прославувањето на 10 годишнината од првото појавување на ваквите марами со принт на Александар Меквин назад во 2003 година. Оттогаш, овие марами станаа навистина неверојатно парче што се репродуцираше низ годините во различни бои, материјали и дезени.

Во луксузната, лимитирана колекција на Меквин и Хирст, може да се видат принтови од мали прекрасни пеперутки, бубачки и други инсекти што оставаат дополнителен впечаток на и онака прекрасните марами.

Колекцијата марами ќе биде пуштена во продажба од 15 ноември во неколку различни материјали, а цените ќе се движат од 315 до 715 долари.

Како за крај, уживајте во прекрасниот краток филм специјално изработен за најава на оваа прекрасната колекција марами.

Објавено:
13 ноември 2013
Категорија: 
Модни додатоци