Џими Чу е еден од омилените дизајнери меѓу познатите. Особено се посакувани чевлите со негов потпис. Така, тој и овој пат не ги изневери своите обожаватели и создаде летна колекција која многумина ќе ја обожуваат.

Во склад со летото, авантурите, темпераметнот, Џими Чу изработи сандали и летни обувки со принтови и различни структури, а застапени се и модели во интензивни бои.

Со ременчиња, сандали до глужд, на висока потпетица, но и на платформа, дизајнерот понуди модели за сечиј вкус, а истите ги надополни и комплетира со интересни модели на чанти, каде доминираат ресите.

Погледнете ја колекцијата во продолжение и кажете ни кој модел најмногу ви се допаѓа. А повеќе модели можете да видите тука:

 

Објавено:
8 мај 2015
Категорија: 
Модни додатоци