Некогаш беше вистинска реткост да се сретне жена што носи број на чевли 40. Но, содоаѓањето на новите генерации, тоа стана сосема нормално.

И додека во светот девојките и жените немаат проблем да најдат убави чевли во соодветната големина, во Македонија сликата е поинаква.

Најчесто најголемиот број што може да се најде е 41 и тоа на модели што не се баш во склад со трендовите, па на крај изгледа дека изработката по порачка или купувањето обувки во странство се единственото решение.

И доколку некогаш сте се почувствувале лошо поради тоа што носите голем број обувки, во продолжение ви презентираме дел од дамите што спаѓаат во истата група.

За некои, сигурни сме ќе се изненадите:

 

Ел Мекферсон  

Овој топ модел носи обувки со број 44. Со оглед на тоа дека е висока, многумина не се изненадени од оваа информација. Свесна за ова, дури и се шегува на своја сметка:

 

Синди Крафорд

Уште еден модел со големи стапала. Синди носи број на чевли 43.

-Кога ја почнував кариерата тоа беше нормално за некој маж, но не и за девојки како мене, па не ми беше секогаш едноставно да се носам со таа карактеристика.

 

Кејт Винслет

Оскаровката е висока 170 см, а носи чевли број 44. Во една пригода изјави:

-Не е фер на оваа висина да имам така големи стапала. Кога го снимавме „Титаник“, Леонардо не можеше да поверува, па си ги меревме стапалата. А кога виде дека ни се исти, не можеше да се сопре од смеење. Инаку, нејзината мајка носи 45-46, а висока е 180см.

 

Парис Хилтон

Американската старлета исто така носи 44-ка. Таа призна дека отсекогаш сакала да носи скапи обувки од познати дизајнери, но во нив изгледала мошне смешно. Тоа било и една од главните причини што одлучила да започне со свој бренд за чевли.

 

Мег Рајан

За многумина е изненадување тоа што оваа позната актерка носи број на чевли 43. Сепак, таа си ги сака и верува дека ѝ носат среќа. Во интервјуто за магазинот „Ел“ во 1996 година, на прашањето на што се должат нејзините одлични актерски способности, ќе се пошегува: „На ови гигантски стапала! Сè е до нив!“.

 

Опра Винфри

И оваа водителка носи 43. Во една пригода призна дека долго време носела помал број чевли и дека тоа за малку ќе ја убиело.

-Носев помали чевли, но премногу ме стегаа, не можев да поднеса. Но, сега знам дека проблемот е во моите стапалла. Тогаш си признав самата дека не носам 42, туку 43 – вели Опра.

 

Одри Хепберн – 42

Во една пригода кога ја запрашале актерката, што би сакала да смени на себе, таа изјавила: „Би сакала да немав толку рамни гради, ковчести раменици и големи стапала“. Таа носела најчесто балетанки, а кога ги купила првите чевли на потпетица, купила за половина број поголеми од тоа што треба – 42.5, за стапалата да не ѝ изгледаат стуткано.

А еве податоци за уште неколку дами:

Тајра Банкс - 42

Марија Шарапова -  41-42

Ума Турман - 41-42

Серена Вилијамс - 43

Хајди Клум - 42

Кендал Џенер - 42

Анџелина Џоли - 42

Мишел Обама - 43

Дајана - 43

Гвинет Платроу - 43

Ен Хатавеј - 42

Бејонсе - 42-43

Скарлет Јохансон - 42-43

Мила Јовович - 41

Сандра Булок - 42

Ким Картал - 42

Џесика Бил - 43

Никол Кидман - 43

Кејт Бланшет - 43

Џеки Кенеди - 42

Мараја Кери - 42

 

Објавено:
20 јануари 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.708 пати