Пролетен хит меѓу модните додатоци: плетени торби!

13 април 2022

Не се новост, но оваа сезона се враќаат во фокусот на модното внимание: плетени торби! И што е можеби најпривлечно, доаѓаат во фантастичен избор на модели и бои кои совршено се вклопуваат во шарениот амбиент на оваа сезона.

Сега уште повеќе атрактивни, затоа што нивната функција не е само модна туку и практична, па може да ги носите од пазарање во маркет до попладневни прошетки во природа.

Симпатичните модели на плетени торби се одлична стилска завршница за секој урбан изглед во уличната мода, па идеално се надополнуваат со омилениот бохо фустан, ленената кошула или со џинс со висок струк и обична маичка.

Селектиравме неколку кул модели како инспирација.

 

Објавено:
13 април 2022
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.130 пати
Тагови: 
плетени торби