Тренд што ни се допаѓа и со задоволство ќе го примениме оваа пролет: патики во беж нијанси.

Со нетрпение го очекуваме првото пролетно сонце затоа што со пролетните денови доаѓа и совршениот амбиент за нашите омилени патики.

Интересно е што тенденциите за оваа година, покрај стандардните бели патики, во модниот фокус ги ставаат патиките во беж нијанси.

Со фантастични дезени и текстури, беж патиките многи лесно и едноставно може да се комбинираат и токму поради тоа се меѓу првите пролетни фаворити, заедно со бомбер јакните и блејзерите.

Меѓу огромниот избор на модели, особено симпатични се оние кај кои е направен микс на беж со пастелни розови, сини или зелени нијанси, како и патиките во чиј дизајн е направен интересен спој на различни материјали како на пример крзно и еко кожа или мрежа.

Со оглед на големите симпатии на модниот свет генерално кон спортската естетика, стилизирањето на патики во секојдневните комбинации добива и многу поширок контекст, па многу често патики носиме и во женствени комбинации со фустани и здолништа, а она што е особен хит во уличната мода е комбинацијата на патики со одела, блејзери и се разбира, џинс.

Направивме селекција на неколку неодоливи модели.

 

Објавено:
10 март 2022
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.662 пати