Аксесоарите се одраз на карактерот, а воедно тие ја имаат главната улога за заокружување на комплетниот изглед. Од претставените  колекции  за пролет-лето 2014 од светските модни писти, фокусираме на аксесоарите како чанти, чевли и накит, кај кои се акцентира на бунтовноста  преточена преку металик сјај текстура и масивност. Креативноста на дизајнерите за изработката на ваквите додатоци оди во суптилна насока, која пак од друга страна ја истакнува нежната страна на жената.

 

Доколку ви се допаѓаат ваквите модели комбинирајте ги со темни монохроматски комбинации бидејќи во таков спој тие најмногу се истакнуваат.

Објавено:
17 април 2014
Категорија: 
Модни додатоци