Пролетни бохо додатоци од омилениот бренд Клое

12 јануари 2016

Во екот на промоција на дизајнерските колекции за сезоната пролет/лето 2016, модната куќа Клое ги има најубавите модни додатоци.

Очила за сонце, минималистички накит и добро познатите чанти во нови варијанти се нешто на што ниту една девојка нема да може да одолее.

Како совршени за пролетните денови, тие ни предлагаат неодоливи бохо чанти во крем, бела, сина и темно црвена боја преточени во модели во кои ќе се вљубите на прв поглед.

Покрај чантите, дизајнерите на брендот создадоа и одлични модели чевли со животински принт, потоа кожени шик кломпи во кафена и црна нијанса, но и шармантен и уникатен накит во златни нијанси.

За топлиот период, Клое предлага и несекојдневни сламени чанти кои се како создадени за долгите, летни денови поминати на плажа.

Објавено:
12 јануари 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
509 пати