Аксесоарите во плетена техника изработени од кожа или дрво се популарни години наназад. Сигурно се сеќавате на ваквите винтиџ модели на чанти и летни сандали што ги носеле вашите мајки и баби, а вам и денес ви се допаѓаат посебно кога ги комбинираните во бохо комбинации.
Во модата ништо не стои во место, па така и ваквите плетени аксесоари драстично еволуираа во префинети и шик додатоци кои станаа инстантно посакувани од многу љубителки на винтиџ ерата, но и на новиот дизајн.
Ралф Лорен, Марк Џејкобс и Мајкл Корс се само мал дел од големите модни имиња што ви сугерираат ова лето од вашиот изглед да вметнете токму вакви плетени додатоци. Освен во крем и карамел нијанси, сега можете да ги сретнете и во други свежи бои, изгледаат неодоливо, а веруваме дека веднаш ќе ги посакате за деновите поминати на плажа и дневните кафе дружби низ град.