Прва колекција кул обетки од креативната приказна Тиноски

1 октомври 2018

Откако креативната приказна под брендот Тиноски стана препознатлива по персонализираните шолји за кафе, се наметна и идејата овој омилен ритуал да биде пренесен и како моден акцесоар. Тиноски воведува препознатлив модел на обетки во формана шолја кафе рачно изработени од дрво со уникатен дизајн.

Првите модели се веќе достапни за најголемите љубителки на кафе. Ова е нов момент во приказната која ќе се раскажува и под #coffeeisthenewfashion.

- Идејата за накит беше одамна, но бидејќи се во приказната на Тиноски се случува тогаш кога треба, обетките како кафе шолји се реализираат сега. Ова е само почеток на целата идеја која потврдува дека кафето е најомилениот ритуал на многумина и истото е вечна инспирација, вели Валентин Петрески, креативец во Тиноски.

Coffee is the new Fashion! 

Објавено:
1 октомври 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
350 пати
Тагови: 
Тиноски обетки